СДС и ДУИ се тие кои што го партизираа и директно се мешаа во судството, тоа го потврди и САД со ставањето на Груби на црната листа за влијание во судски одлуки, се вели во реакцијата од МВРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција на портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.
СДС нема кредибилитет да зборува за судството и независноста на институциите, затоа што СДС со својот коалициски партнер ДУИ, седум години практикуваа исклучиво партизација на сите пори на општеството.
СДС и ДУИ се синоним за партизација и окупирање на институциите.
СДС и ДУИ се синоним за партизација и директно влијание во правосудните органи.
СДС и ДУИ во нивните партиски штабови бираа и поставуваа судии и јавни обвинители.
Тоа го покажа и последниот случај на црната листа на Стејт департмернот, каде се најдоа поранешниот вицепремиер во владата на СДС и ДУИ, Артан Груби и судијата Енвер Беџети за директно мешање и влијание во судски процеси и одлуки.
Стратешкиот партнер САД обезбеди докази дека Артан Груби земал мито за да влијае врз судска одлука.
Претходно судиите Наќе Ѓоргиев и Иџет Мемети, блиски до СДС и ДУИ, исто така признаа дека земале поткуп за да влијаат врз судски предмети.
Во судството избрано во штабовите на криминалната коалиција на СДС и ДУИ, нема правна разрешница за случаите како Дурмо Турс, модуларната болница во Тетово, како и за онкологија.
Седум годишниот период на владеење на СДС, заедно со нивниот коалиционен партнер ДУИ го урнисаа правосудниот систем, така што довербата на граѓаните ја доведоа до 2%.
ВМРО-ДПМНЕ работи на целосна трансформација, професионализација и независност на правосудните органи, кои ќе донесат правда за сите во Македонија, а оние кои што се огрешија пред законите ќе одговараат.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Фото:МИА архива