Има ли политички договор за амнестија на фамилијата Заеви?

На ова прашање вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 одговори премиерот Христијан Мицкоски.

„Не, ние не предупредувавме дека само Вице Заев е замешан, туку исто така предупредувавме и говоревме, и имавме прес конференции за многу инстант компании кои што се формирани во Тетово или во други градови во близина на седиштето на една политичка партија, која инстант се формира и веднаш се добитници на милионски бизниси во делот на увоз на јаглен“, вели Мицкоски.

На прашањето ан новинарот дека ан 27 мај на брифинг со новинари Мицкоски рекол дека Вице Заев е вмешан во криминал и корупција во РЕК Битола, Мицкоски одговори:

-Јас ќе ви кажам, и не само тогаш, и пред и после тоа сум кажал и стојам уште на овој став за кој што тогаш сум зборувал – ние направивме една акција за која постојат основани сомненија, и за 23 лица (минус еден – Димитар Ковачевски кој што не е достапен на органите на прогонот) се веќе покренати одредени истражни дејствија. Дел од нив се во притвор, дел се во куќен притвор, и тоа претставува една широка акцијаво која што постојат основани сомневања дека се случил криминал. Ќе видиме понатаму во судската постапка далчи истрагата ќе се прошири врз други лица. Но, не е само овој единствен случај што се обработува. Има и други случаи како што е увозот на јаглен, како што е ископот, како што се ремонтите итн, одговори Мицкоски.

Тој во текот на разговорот побара и оставка од судија во Уставниот суд.

Како што вели, не му е таму местото.

„Со должна почит кон луѓето од таа професија, но дел од нив не ги оправдале очекувањата на граѓаните од таа професија. Не, не, никој не го направил тоа, но истовремено да каже уставен судија тоа што го кажа, поврзано со албанската кауза и слично, него не му е таму местото, простете но не му е таму местото. Тој може такви изјави да кажува на друго место, треба под итно да си поднесе оставка затоа што тој зема од мене плата“, вели Мицкоски.

Тој истакна и дека 30 до 45% од Албанците се задоволни од оваа Влада.

Како што вели, три пати прави мерења во месецот.

„Сега имаме 35-40% од Албанците кои се задоволни од оваа Влада. Имаме некојси 20-30/35 кои не се задоволни и останатите не знам/немам одговор. Не велам дека тие анкети се точни, но јас правам три пати мерења во месецот, и по етнички состав правам кростабулации“, вели Мицкоски.