На денешен ден родени се четворица истакнати македонски автори, двајца академици, ликовнен уметницк, поет, а на овој ден починат е еден македонски народен херој. На 20 декември родени се Васил Иљовски, Андон Дуков, Ацо Шопов и Властимир Николоски. А на овој ден починал народниот херој Борко Темелкоски Лилјакот

Во 1902 година роден е Васил Иљовски, македонски драмски писател, есеист, критичар, книжевен историчар и истакнат педагошки работник. Иљоски бил член на МАНУ и на Друштвото на писателите на Македонија. Завршил Филозофскиот факултет во Скопје. Во 1926 година Иљоски ја започнал работата над своето прво посериозно драмско дело со првично име „Бежанка“. По две години, текстот веќе бил подготвен за изведба на сцената на “Скопскиот народен театар”, но овој пат со ново име – „Ленче Кумановче“. Драмата била напишана и изведена на кумановски дијалект, а нејзината премиера се одржала на 16 јуни 1928 година.

Иљоски бил еден од членовите на комисијата формирана при Министерството за народна просвета со цел да ги подготват македонската азбука и правопис. Исто така, тој бил еден од основачите и првите членови на Друштвото на писателите на Македонија (13 февруари 1947 година) и на МАНУ. Драмски дела: „Ленче Кумановче“, „Чорбаџи Теодос“, „Ученичка авантура“, „Биро за безработни“, „Пиши, Панче“, „Два спрема еден“, „Чест“, „Кузман Капидан“, „Син и татко“, „Допирни точки“, „Окрвавен камен“, „Свадба“, „Смрт за живот“. Васил Иљоски бил добитник на бројни книжевни и државни награди, меѓу кои и на: АВНОЈ, највисокото општествено признание во бившата СФРЈ и „11 Октомври“. Починал на 1 ноември 1995 година во Скопје.

Во 1909 годин во Охрид е роден Андон Дуков, македонски ликовен уметник и борец во НОВ на Македонија. На 16 февруари 1944 година борци на Првата македонско-косовска НОУ бригада го пронашле смрзнат и бос, со празен ранец на грбот и со пушка која ја држел со згрчени раце.

Во 1923 година во Штип е роден Ацо Шопов, истакнат македонски писател и академик. Тој е еден од основоположниците на модерната македонска литература. Неговата прва книга стихови “Песни” објавена е во 1944 година. Меѓу другите познати дела се “На Грамос”, “Стихови за маката и радоста”, “Слеј се со тишината”, “Ветерот носи убаво време”, “Небиднина”, „Раѓање на зборот“, „Јус-универзум“, „Гледач во пепелта“, „Песна на црната жена“, „Дрво на ридот“ и други. Покрај писателската дејност тој бил уредник на книжевните списанија “Иднина”, “Нов ден”, “Хоризонт” и “Современост”. Ацо Шопов бил добитник на највисокото југословенско признание, наградата „АВНОЈ“, како и на  „Кочо Рацин”, „11 октомври”, и  „Браќа Миладиновци”. Бил именуван за амбасадор на Југославија во Сенегал, земја која го инспирирала за збирката „Песна на црната жена“. За време на престојот во Африка, тој го превел изборот од поезијата на сенегалскиот претседател, Леополд Седар Сенгор, добитник на „Златниот венец” на Струшките вечери на поезијата, во 1975 година. Истата година, Ацо Шопов бил именуван за претседател на Републичката комисија за културни врски со странство, но три години подоцна, болеста го присилила да го напушти активниот живот. Умрел во Скопје на 20 јануари 1982 година.

Во 1925 година во Прилеп е роден Властимир Николовски, еден од најголемите македонски композитори во историјата на повоената македонска музика и академик. Меѓу бројните дела познати му се ораториумот „Клименту“, кантатата „Сердарот“, симфониите “Бревис“, „Барбара“ и „Рустика“ и други. Умрел во Скопје, на 28 март 2001 година.

Во 2001 година починал Борко Темелкоски – Лилјакот, народен херој на Македонија. Роден е во Прилеп, на 11 август 1933 година.

(Подготви: Д. Г.)