Новоизбраниот претседател Доналд Трамп денеска објави дека го избрал Дејвид Финк за администратор на Федералната управа за железници (FRA).

„Дејвид ќе ги донесе своите повеќе од 45 години лидерство и успех во транспортот, водејќи го FRA во нова ера на безбедност и технолошки иновации“, напиша Трамп на својата социјална мрежа Truth Social, пренесе Ројтерс.

За потсетување, Трамп неодамна објави дека ќе го назначи Ричард Гренел, поранешниот шеф на Националната разузнавачка служба, за претседателски пратеник за специјални мисии и политика кон некои непријателски држави, вклучително и Северна Кореја.

Трамп официјално ќе ја преземе функцијата на 20 јануари 2025 година по церемонијата на инаугурација.