Принцот Вилијам и Кејт не се појавија на традиционалниот предбожиќен ручек на кралот Чарлс

/ 22.12.2024

Годинава принцот Вилијам и Кејт Мидлтон не присуствуваа на традиционалниот предбожиќен ручек на британскиот крал Чарлс III во палатата Бакингем, каде се собра целото пошироко семејство.

Причината за нивното отсуство не е позната, а Вилијам и Кејт ќе ги поминат празниците со своите деца во нивниот дом – Палатата Сандрингам, пишува Дејли Мејл.

Исто така, според странските медиуми, на оваа вечера не присуствувал и принцот Ендру, помладиот брат на кралот Чарлс, и покрај тоа што наводно бил поканет. Британски Експрес претходно објави дека кралот го поканил и покрај нивната кавга.


Од истата категорија