Голем собир на граѓани и студенти во Белград

/ 23.12.2024

Кулминираат протестите во Србија, десетици илјади студенти и граѓани излегоа на еден од најголемите собири во историјата на земјата.

Бараат одговорност за несреќата во Нови Сад каде животот го загубија 15 лица и процесуирање на лицата за кои тие велат дека вршат насилство врз нив. Протестот започна од плоштадот Славија, со 15 минутен молк за загинатите, а потоа половина час врева.

-Студентите бараат да се објави целата документација, сметаат дека процесот не бил транспарентен, дека тоа се јавни проекти и дека тоа треба да биде објавено, исто така се бара да прекине насилството кон студентите и учесниците на протестите, исто така да се процесуираат и тие кои го вршат насилството. Тоа што ние го бараме е да се исполнат барањата, барањата мислам дека се јасни до сега и дека е јасно дека не се исполнети.

Властите во Белград пак тврдат дека сите барања на демонстрантите се исполнети, а ден по протестот, премиерот Вучевиќ во гостување за Пинк порача дека барањата од политичка природа како што кажа, за преодна влада во Србија не се прифатливи, а неговата партија нема никогаш да гласа за таква влада. Иако проценките на дел медиумите и на архивот на јавни собири се дека во Белград имало над 100 илјади луѓе, српската полиција официјално соопшти дека според нив бројката била барем три пати помала, односно најмногу 30 илјади.

-Се одржа и голем собир. Голем собир во Белград. Полицијата вели дека имало 28.000 до 29.000 луѓе. Исклучително голем број. Тие луѓе се ориентирани кон опозицијата и секогаш бев подготвен да слушнам што мислат, како мислат и што мислат дека е важно да се направи за нашата земја. Верувам дека многу повеќе луѓе размислуваат поинаку, па мораме да се слушаме едно со други. Мене денеска ми беше малку напорен ден, сега со пријателите од претседателството завршив и со китење на оваа елка и утре не чека уште потежок ден, рече Александар Вучиќ – Претседател на Србија.

Студентските протести во Србија, едни од најголемите изминатите две децении започнаа со блокадата на факултетот за драмски уметности во Белград, а потоа се проширија на повеќе од 50 факултетити ширум земјата. Главна причина за нив беше трагичната несреќа во Нови Сад и барањето за политичка и кривична одговорност.


Од истата категорија