Ќе растат сите плати во Македонија, а нема да растат функционерските плати. Оваа законска измена наскоро ќе биде пред пратениците, најави премиерот Христијан Мицкоски.

-Ќе се бориме сите вработени во државата да добијат повисоки плати. Ценам дека е тоа исправен чекор и така ќе работиме и во иднина, во интерес на граѓаните.