Речиси еден милион постари луѓе во Велика Британија се чувствуваат поосамено за време на божиќните празници отколку во кое било друго време од годината, покажуваат најновите истражувања.
Приближно 590.000 луѓе постари од 65 години во Велика Британија на Божиќ нема никого да видат и со нигого нема да разговараат, а 1,4 милион од нив ќе вечераат сами – без друштво, покажува истражувањето на хуманитарната организација Age UK, пренесува „Скај њуз“.
Организацијата наведува дека осаменоста и социјалната изолација се проблем за старите лица во Велика Британија во текот на целата година, но и дека овие надежи особено тешко им паѓаат во празничниот период кога секој десетти постар човек е сам, како што е случајот денес, 25 декември. Според истражувањата, речиси милион постари луѓе во овој период од годината се чувствуваат поизолирано отколку во кое било друго време во текот на годината, пренесува „Танјуг“.
Поради оваа причина, Age UK во декември организира стотици настани во Велика Британија, што, како што велат, е можност за членовите на постарата популација да се сретнат со други луѓе од локалната заедница.
Една од облиците на помош што оваа хуманитарна организација им ја дава на старите лица е телефонската линија „Сребрена линија“, која работи 365 дена во годината, пишува „Скај њуз“.