Уставните измени за внесување на Бугарите ќе се случат тогаш кога владејачката коалиција ќе биде сигурна дека има политичка волја и предвидливост во процесот со ЕУ, без опасност од нови блокади за членство во Унијата, вели претседателот на Собранието, Африм Гаши. На неколку дена до Нова Година, рок кој од коалицијата „Вреди“ беше посочен како краен датум за носењето на уставните измени, Гаши изјави дека не се сеќава дека тоа било напишано во програмата, но оти промената на Уставот е комплексно прашање, кое не зависи од еден политички елемент.

– Не се сеќавам дека тоа беше напишано во програмата, но секако имаше такви изјави. Коалицијата ‘Влен’, сите пратеници, стојат зад тоа и ние, ако би дошле на дневен ред, уставните измени би ги гласале и денеска, но мислиме дека треба заеднички да се договориме кога тоа е најдобро за државата, за сите граѓани и затоа правиме максимални напори како парламентарно мнозинство да ги донесеме уставните измени кога ќе биде најдобро за нашата држава, кога ќе има политички договор за тоа и кога ќе бидеме убедени дека имаме предвидливост во процесот. Тоа значи дека нема да имаме повторно вето за три месеци, за шест месеци и така натаму“, рече претседателот на Собранието, Гаши.