На барање на Русија и Србија денеска ќе се одржи седница на Советот за безбедност на ОН посветена на формирањето на косовската Војска, на која ќе се обратат и претседателите на Србија и на Косово, Александар Вучиќ и Хашим Тачи.

Вучиќ во саботата изјави дека ќе присуствува на седницата на Советот за безбедност „за да ја каже вистината за тоа колку труд и енергија вложила Србија за да биде постигнат компромис, а колку другите не го сакале тоа“.

Тој нагласи и дека Србија ги исполнила сите „тешки услови“ од Договрот од Брсиел, а Приштина, според него, ниту еден.

Тачи, од своја страна, синоќа најави дека на седницата на Советот за безбедност на ОН „ќе ја каже вистината“ дека трансформацијата на Косовските безбедносни сили во Војска не е причина на страв, туку за прослава, бидејќи „ја потврдува посветеноста на Косово на мултиетничките институции.