Опозициската СДСМ ја обвинува ВМРО-ДПМНЕ дека не знае каде е Артан Груби, вицепремиерот во владите на Зоран Заев и Димитар Ковачевски, по кого е распишана межународна потерница поради криминал. Ова се истакнува во соопштението од СДСМ за нивниот коалиционен министер од ДУИ, а ВМРО-ДПМНЕ одговара дека знае оти Заев и Филипче, свесно ги поддржувале ДУИ во нивните криминали, со цел да останат што подолго на власт.
Во продолжение двете соопштенија од партијата во опозиција и партијата на власт:
Цели 20 дена Тошковски не знае каде е Груби, дебакл на ВМРО-ДПМНЕ
Јалови се обидите на ВМРО-ДПМНЕ да ја префрлат вината за бегството на Артан Груби врз СДСМ.
Фактите се јасни: Тошковски дозволи Груби да избега и сега цели 20 дена истиот тој Тошковски не знае каде се наоѓа Губи.
Откако „случајно“ не работеле камерите, „случајно“ полицајците не знаеле кого треба да проверуваат и „случајно“ службеникот на границата, инаку кадар на Тошковски, направил „грешка“ затоа што бил „возбуден“ од Груби.
Џабе се препелка сега ДПМНЕ, тие го пуштија Груби да избега и целата одговорност е кај власта.
Границата со Косово, откако стана канал за бегање на криминалците. Блерим Рамадани избега, Гаши безбедно се шеташе, а сега мистериозно исчезна и Груби.
Јавноста има право да знае кој е политичкиот договор и која е цената за овој скандал.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
За да останат ден повеќе на власт, дуото Заев и Филипче, свесно ги поддржувале ДУИ во криминалите
Заев и Филипче, свесно ги поддржувале ДУИ во нивните криминали. Знаејќи за криминалите, СДС не поведуваше постапка за Груби, поради тоа што власта ќе им паднеше.
СДС, преку дуото Заев и Филипче, му овозможија на Груби да си прави криминал во Лотарија.
Груби не можел без поддршката од СДС да го прави овој криминал.
Молчејќи и не преземајќи никакви мерки, СДС се соучесници во криминалот, со цел да останат уште некој ден плус на власт.
Да не беа Заев и Филипче, криминалот на Груби и ДУИ, немаше да биде возможен.
Груби и ДУИ, Лотарија ја имаа претворено во приватна фирма, преку која делеле тендери и пари.
Очајните обиди на СДС да го прикријат криминалот, им се удри од глава.
Затоа, граѓаните ги прочитаа нивните деструктивни обиди за останување на власт и ги казнија на изборите.
ВМРО-ДПМНЕ седум години зборуваше за криминалот на Груби. Правда и одговорност мора да има!
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ