Амбасадорот на Обединетото Кралство во Косово, Руаири О’Конел, по денешната презентација на извештајот на Институтот на Косово за право (ИКД) за „Правдата во врска со интегритетот на правниот систем во борбата со корупцијата“, изјави дека се чувствува посрамен поради неказнувањето на косовските функционери за корупција, јави МИА од Приштина.
О’Конел реагираше на податокот кој го изнесе директорот на ИКД, Ехат Мифтарај, дека од процесуираните случаи на корупција во кои се опфатени и функционери од високи профили, единствено е осуден градоначалникот на Клокот, и тоа со условна казна.
– Се срамам поради овие податоци имајќи ја предвид упорноста со која британската Влада се залага за подробрувања во правниот систем, изјави британксиот амбасадор.
Посебно разочарувачки, според О’Конел, е фактор дека истрагите за високите функциониери започнуваат само откако тие ќе ги изгубат позициите.
– Ги видов податоците дека најголемиот дел од истрагите започнуваат кога функционерите ќе ги изгубат позициите. Да не ги започнуваат обивинителите истрагите за политички цели? Да не служи власта како заштита од судството? Кога ќе дојде крајот на културата на неказнивост?, запраша О’Конел.
Тој ги повика обвинителите и судиите кои се под влијание на политиката „да се тргнат од патот“.
– На овој систем му требаат херои. Кој не може да ги гони тие функционери време е да се тргне од патот, посочи О’Конел.