Веста за македонскиот премиер Христијан Мицкоски, кој пристигна во Вашингтон, каде ќе учествува на инаугурацијата на новиот претседател на САД, Доналд Трамп, е непожелна за фактчекерите на Фејсбук.
Веднаш по објавувањето на оваа вест, истата беше отстранета од Фејсбук. Наведените причини се стандардно исти: „Ова ги прекршува нашите Стандарди на заедницата за непосакувана содржина“. Така стои во образложението, со поука дека може да се жалиме, тие ќе ја разгледаат поплаката и ќе ја вратат, ако има грешка.
Ваквите случаи во изминативе години беа чести, кога станува збор за објави од Денешен на Фејсбук, за што во повеќе наврати пишувавме.
Инаку, како што неодамна објави компанијата Мета, таа планира да ги укине фактчекерите.