Француската Влада предложи на полицајците кои го обезбедуваа Париз за време на протестите да им исплати бонус на платата од 300 евра.
– Не сме на продажба и не можете да не купите. Кризата сигурно нема да се реши со тој бонус, изјави претставник на синдикатот на полицијата.
Бонусот би требало да биде исплатен за околу 111.000 полицајци и ќе чини 35милиони евра. За тоа ќе се расправа на седница за буџетот за 2019 година.
Наместо бонус, синдикатот бара исплата на часови за прекувремена работа што се насобрале во последните неколку години.