Александар Лукашенко го освои седмиот мандат на претседателските избори во Белорусија.

Државните медиуми објавија дека 70-годишниот Лукашенко, според излезните анкети освоил 87,6 отсто од гласовите.

Официјалното пребројување на гласовите се уште е во тек. Сепак, традиционално, излезните анкети се речиси идентични со подоцнежното објавување на резултатите од изборната комисија.