Речиси 40.000 луѓе загинале од огнено оружје во САД во изминатата година, објави Њујорк тајмс. Точниот број на загинати е 39.773 и е највисок во рамки на една година во изминатите 50 години.
Тоа значи дека на секои 100.000 Американци лани имало по 12 загинати.
Во изминатите три години во секоја од нив бројот на загинати од огнено ружје расте.
Минатата година 60 отсто од тој вид смртни случаи се – самоубиствата, а убиствата се 37 отсто.
Освен смртни случаи со огнено оружје, во САД е зголемена и смртноста од предозирање со дрога. Околу 70.000 луѓе ги загубиле животите поради предозирање во минатата година.