Од ВМРО-ДПМНЕ вратија со реакција по повод соопштението на ДУИ.
Тие велат дека создавањето на некакви зони без Aлбанци како што наведува ДУИ во соопштението е единствено во главата на Али Ахмети и бегалецот Артан Груби.
„Има ли поголема зона без Aлбанци кojа ДУИ и Ахмети ја направија по нивното над 20 годишно владеење каде избркаа десетици и стотици илјади луѓе надвор од државата по потрага по подобар стандард.
И ова нивно соопштение е уште една лага и манипулација затоа што во владиниот тим советници има и Aлбанец, а тоа е професорот Шенер Биљали кој е надворешен советник на премиерот за односи меѓу заедниците, како и уште неколку национални координатори кои се Aлбанци.
Ние за разлика од ДУИ политиката не ја гледаме низ призма дали некој е Mакедонец или Aлбанец, туку единствено низ призма на компетенции и способност, нешто што е мисловна именка за ДУИ.
А секогаш кога ДУИ е наводно загрижена за Aлбанците се знае дека е највеќе загрижена за своите лични и бизнис интереси.
И кога сме на оваа тема, добро е да се произнесе коалицискиот партнер на ДУИ, Левица што мисли и кој е нивниот став за лажната загриженост на ДУИ за создавање на зони без Aлбанци“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Претходно ДУИ соопшти, откако се објавени имињата на 17-те советници на премиерот Христијан Мицкоски, дека Владата продолжува со создавање „зони без Албанци“ во државните институции, систематски потиснувајќи ги Албанците од позициите каде се носат одлуки, .
Партијата тврди дека „политиката на мајоризација“ е веќе позната од минатото и ја опишува како обид за реконфигурација на државниот систем, со цел промовирање моно-етничка доминација
– Градењето инклузивни и функционални институции, се основата на етничката рамноправност, но и една од суштинските европски вредности на чии основи почива долгорочната стабилност и напредок на земјата. Со овој потег Владата не само што го понижи албанскиот партнер во Владата, туку проектираше непријатно чувство на непожелност кај секој Албанец во земјава.