Тешко кривично дело со умисла. Републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски откри по кој основ ќе се гони Васил Јованов, кој со своето дивјачко возење во центарот на Скопје го одезеде животот на младата Фросина Кулакова. По жестоката реакција на јавноста за оваа трегаредија, надлежните конечно се огласија.

-Од досегашните докази за Обвинителството е неспорно дека станува збор за кривично дело сторено со умисла. Токму затоа Обвинителството во овој случај против осомничениот води постапка за најтешко кривично дело од областа на безбедноста на сообраќајот. Ја уверувам целата јавност и семејството дека постапката ќе биде ефикасна, изјави Коцевски.

Но што е со судијката Даниела Алексовска Стојаноска, која младиот Јованов го пушти на слобода и покрај пресуда за трговија со дрога. Јавноста е гневна и бара одговорност оти иако осуден, таа го пуштила Јованов на слобода до правосилноста на пресудата. Министерот за правда Игор Филков, го презеде првиот чекор. Ја разреши од телото за реформи во правосудството

Гневот на јавноста го разбуди и судскиот совет кој исто така ќе ја стави под лупа нејзината работа. Претседателот Александар Камбовски не сака да избрзува со коментари, но порачува дека евентуалните пропусти ќе бидат санкционирани:

Најголемата болка е кај семејството на трагично починатата девојка. Таткото на Фросина реагира дека надлежните се обиделе да ја сокријат целата вистина за овој случај.

Сестрата на трагично загинатата Фросина, побара одговорност и од судијката, но и од семејството на Васил Јованов.

20 годишниот Васил Јованов кој смртно ја прегази 22 годишната Фросина, претходно имал пресуда да оди во поправен дом, но со одлука на судијката Даниела Алексовска Стојановска, бил пуштен до правосилност на пресудата да биде на слобода.