Игор ЈУГ во Претрес кај ЛАНДОВ

Истекува притворот, но јас знаев дека ќе се продолжи. Лежам, спијам, во 4 часот наутро доаѓа командирот, ме влече за нога и ми вели: Игор, спремај се, спремај се!

Го прашувам: Каде ќе одам?

Човекот, исплашен, ми вели: Не знам ништо!

-Чекај да соберам стварите, му велам.

-Само нешто основно, само нешто основно, ми рече.

Собрав две ќесичиња, одам во дежураната, јас знам која е процедурата при отпуштање од притвор. Треба едно, друго, да потпишеш документ… Влегувам, го гледам главниот командир уште поизбезумен од овој командирот што ме будеше. Му велам кај да потпиша, а тој: Јас не знам ништо, излези, излези надвор…!

Тој што бил во затворот Скопје, знае дека црната капија на притворот е во средна на затворот. Значи, се наоѓаш во центарот на затворот Скопје. Се отвора црната капија, два питцгауера со пуштени рефлектори, со луѓе во полна опрема, со качунки на себе и вперени автоматски пушки, викаат: Рацете горе! Ме апсат во сред затвор! Ме вадат од ќелија и ме апсат во сред затвор!

Ме свртуваат, ставам раце на капијата, ме претресуваат, од Господ еден човек вика: Извини, брат, мораме!

Ме внесоа во возилото и тргнавме. И тогаш почнав да правам филмови. Помислив: ќе ме исфрлат овие од возилото, ќе ми „дувнат“ еден куршум во глава, ќе ми стават пиштол во рака и ќе кажат сум избегал, тука ме нашле, сум пукал со пиштол во нив и они ме убиле. Дури и такво сценарио ми се заврте во главата.

Но, гледам, не ме возат надвор од градот, туку кон Пролет. Ме довезоа во полициската станица, влегувам во канцеларија, седи таму главниот на смена, и ми дава документ и ми вели: Ова треба да го потпишеш!

Ме гледа и почека да излезе тој другиот што дојде и кога тој излезе, ми рече: Немој ништо да потпишуваш!

Го прашувам зошто?

Па прочитај, ми вели, што пишува!

На документите пишуваше: Здогледан е во близина на затворот Скопје, и од страна на специјалните единици е лишен од слобода. Ме изведоа од затворот, ме уапсија среде затвор и после ме здогледале во близина и ме уапсиле. Цела Шутка се смееше другиот ден кога ме вратија назад.