Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека САД ќе ја окупираат Газа, а Палестинците од областа ќе живеат на копно во Јордан и Египет.

На новинарско прашање врз основа на чиј авторитет ќе ја заземат Газа, тој рече: „ На авторитетот на САД“.

Тој рече дека Палестинците ќе живеат безбедно на териториите на кои се раселени.

„Верувам 99 отсто дека ќе постигнеме договор со Египет. Ќе управуваме со Газа како што треба, нема да ја купиме“, рече Трамп.

Тој изјави дека не планира лично да се вклучи во обновата на палестинската енклава.

„Кога Газа ќе биде развиена, по долго време, ќе се отворат многу работни места кои ќе ги привлечат луѓето во регионот“, рече американскиот претседател.

Тој нагласи дека израелската анексија на окупираниот Западен Брег „ќе успее“.

Тој оцени дека Хамас нема да го исполни условот да ги ослободи преостанатите заложници до сабота.

„Ако Хамас не ги ослободи сите заложници до сабота, сите опции се на маса“, рече Трамп.