Јас навистина не би имал што да додадам на тоа што претходно го кажа градоначалникот и министерот, важно е да се реализираат проекти, полека но сигурно зимата завршува почнува пролетта, а со пролетта и градежната сезона и уште позасилено темпо на реализација на капитални инвестиции, посебно на инфраструктурните проекти како што се овие, изјави денеска премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски при неговата денешна посета на општина Неготино.
-Би ја искористил оваа прилика да му честитам на градоначалникот, на министерот, на пратеникот, на администрацијата во Општина Неготино, на советниците, на сите оние коишто се вклучени во активностите коишто имаат за цел да изработат проект повеќе за Неготино и во име на тоа да реализираат повеќе за потребите на граѓаните во Неготино со што условите за живот ќе бидат подобри, рече Мицкоски.
Проектите кои што ќе бидат финансиоранио во општина Неготино се во висина од околу 150милиони денари рече премиерот Мицкоски.
-Тоа е практично улогата на градоначалник, на пратеник, на претседател на Влада, на министер, на советник, на луѓе коишто работат во локалната администрација и јас ценам дека таа синергија функционира беспрекорно. Во име на тоа сакам да кажам дека дел од овие слушнавте се завршени со општинскиот буџет, дел се од првиот повик коишто го имаше Министерството за локална самоуправа и сега веќе е објавен вториот повик во разговор со градоначалникот заклучив дека има подготвено проекти во вредност многу поголема од таа што ќе се финансира во овој втор повик така што имаме проекти и за третиот и за четвртиот повик. Сега некаде проектите што ќе бидат финансирани, ќе ме коригира градоначалникот ако нешто промашам се околу 150 милиони денари во вториот повик, но и 150 милиони денари преку проектот и повикот којшто го објави Министерството за локална самоуправа ќе бидат финансирани во општина Неготино за инфраструктурни проекти и на тоа треба да се спомене и додаде дека на вчерашната владина седница помина проект за целосна реконструкција на улицата „29 Ноември“ во вредност од 36,5 милиони денари, појасни Мицкоски.
-Во таа реконструкција предвидена е атмосферска фекална канализација, потпорен ѕид и асфалт. Значи на тие 150 милиони имаме нови 36,5 милиони за Неготино со што ќе каже дека она коешто го ветуваме пред граѓаните и го исполнуваме. Така ќе продолжиме да работиме и во иднина, Македонија мора да биде повторно ваша на граѓаните, Неготино мора повторно да биде на неготинци, рече премиерот Мицкоски.