Директорката на американската Национална разузнавачка служба Тулси Габард соопшти дека над 100 разузнавачи биле отпуштени откако користеле заштитен владин комуникациски канал за размена на сексуални пораки, наместо за доверливи информации.
– Ова е кршење на довербата и непочитување на основните правила на професионализам, изјави Габард во интервју за Фокс њуз. – Сите ќе бидат отпуштени, а нивните безбедносни дозволи ќе бидат одземени, додаде директорката.
Габард наредила сите разузнавачки агенции до петок да идентификуваат службеници кои биле вклучени во „непристојни, порнографски и сексуални разговори“ преку владината комуникациска мрежа.
Таа истакна дека администрацијата на претседателот Доналд Трамп „ќе продолжи со чистење на разузнавачката заедница“.
Изминатите недели, отпуштени се и службеници одговорни за иницијативи за различност и инклузивност, воведени за време на администрацијата на Џо Бајден.
Не е познато колку вработени од разузнавачката заедница добиле известување за отпуштање, но скандалот ги разгоре дебатите за злоупотребата на државните ресурси.