Можноста набљудувачите од мисијата на ОБСЕ во самопрогласената Доњецка Народна Република (ДПР) да и пренеле информации на украинската војска за локацијата на воените формации на ДПР и самопрогласената Луганска Народна Република (ЛПР) бара сериозна истрага, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

Таа реагираше на изјавата на поранешниот грчки амбасадор во Украина, Василиос Борновас, кој рече дека мисијата на ОБСЕ во Донбас наводно тајно и помага на украинската војска, пренесува ТАС.

„Ова бара сериозна истрага, а не само политички изјави. Лелекањето за тоа како се случило ова под претходното раководство на Секретаријатот на ОБСЕ не се брои. ОБСЕ е должен ефективно да одговори на обвинувањата“, изјави Борновас за грчките медиуми.

Борновас претходно изјави дека персоналот на мисијата на ОБСЕ во ДПР тајно им пренел доверливи информации на Вооружените сили на Украина за локацијата на формациите на ЛПР и ДПР и дека овие позиции веднаш биле подложени на гранатирање од украинска страна.