Пред утрешното доделувањето на Оскарите, традиционално се објавуваат најважните филмски награди во историјата на седмата уметност, добитниците на Златната малина, наградата за најлошите достигнувања на големото платно во изминатата година.

Пред утрешното доделувањето на Оскарите, традиционално се објавуваат најважните филмски награди во историјата на седмата уметност, добитниците на Златната малина, наградата за најлошите достигнувања на големото платно во изминатата година, кои никој не сака да ги освои.

Наградата „Златна малина“ за најлош филм годинава ја предводеше филмот „Joker: Folie à Deux“ со седум номинации, а потоа следат филмовите „ Madame Web“, „Megalopolis“, „Borderlands“ и „Reagan“ со само една номинација помалку.

Победник или подобро кажано губитник на вечерта беше филмот Мадам Веб, кој покрај наградата за најлош филм, ги однесе и наградите за најлошо сценарио и за најлоша главна актерка.

Најлошиот актер беше комичарот Џери Сајнфелд, чија комедија „Unfrosted“ за многумина не беше смешна.

Френсис Форд Копола е прогласен за најлош режисер.

Инаку, првата награда „Златна малина“ е одржана во 1981 година, а апсолутен рекордер е актерот Силвестер Сталоне, кој може да се пофали со 12 награди и преку 20 номинации.

Добитници на Златна малина за минатата година.