Задоволство е да означиме почеток на уште еден проект. Се работи за заеднички железнички премин помеѓу Македонија и Србија, на овој начин ќе ја подобриме комуникацијата помеѓу двете држави затоа што ќе имаме „One stop shop“, покрај на патничкиот дел, истото ќе биде и во железничкиот дел кога ќе се патува со воз, изјави денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

-Се надевам дека ова ќе е кон повторно воспоставување на редовна патничка железничка линија помеѓу Скопје и Белград, зошто се потребни напори секако од двете страни.Се работи за проект во вреденост од вкупно 7,4 милиони евра во градежниот дел и 250 илјади евра во делот на консултантски услуги и надзор. Консултантските услуги се целосен грант во делот на градежните работи имаме грант од 2,4 милиони евра, а исто така имаме поволен кредит од страна на Европската банка за обнова и развој во висина од 5 милиони евра, изјави Николоски.

Предвидено е целокупната постапка да заврши за две години.

-Предвидено е вкупните работи да бидат на простор од 10 илјади 100 метри квадратни, на навистина една сериозна површина. Очекуваме до лето оваа година да избереме изведувач и во рок од две години да се заврши целокупната постапка, како веќе на средината на 2027 година би имале единст6вен граничен премин во делот на железница со Република Србија што секако ќе забрза и во делот на патнички но и пред се во делот на товарен сообраќај, нешто што е главен предизвик и нешто на што многу посветуваме внимание во овие месеци како што сме избрани како Влада, појасни Николоски.

Коридорот 10 еден од главните крвотоци на државата вели Николоски.

-Сметаме дека како еден од главните крвотоци на државата е токму Коридорот 10, кој што почнува на јужните пристаништа, на пристаништето Пиреа кај Атина и на солунското пристаниште и продолжува до Централна Европа, до државите како Унгарија, Австрија, Чешка и Словачка и практично да се забрза движењето на добра и стоки во двата правци и за увос во Европа и исто за извоз од Европа и ние се обидуваме и ние навистина во тој дел се обидуваме да придонесеме, потенцираше бицепремиерот Николоски