Во јануари имаме 1,4 отсто раст на индустриското производство, очекувам раст на истот во првиот квартал и не би се изненадил доколку дојдеме и до раст од 4% до 4,5%, истакна денеска премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање.

-Што се однесува до индикаторите, можам да го изразам моето задоволство бидејќи после 6 месеци ние успеавме да дојдеме до состојба нула. Кога велам до состојба нула, нашата стратегија беше во три чекора: прво, слободното паѓање кое што беше јасно, граѓаните тоа го чуствуваа да го сопреме, а потоа да дојдеме до состојба нула, тоа беше втората фаза, а веќе од состојба на нула да почнеме да се креваме нагоре, рече Мицкоски.

После само шест месеци ние сме во позиција да кажеме дека индустриското производство во месец јануари порасна за 1,4%, вели Мицкоски.

-Некои велеа дека за да дојдеме до состојба нула можеби ќе треба година до година и пол, јас навистина сум задоволен што еве ио после шест месеци ние доаѓаме до позиција да кажеме дека конечно индустриското производство порасна овој месец јануари за 1,4%, што е добро и тоа со фокус на преработувачката индустрија. Се уште тука имаме карј рударската и кај автомобилската индустрија опаѓање поради опаѓање на нарачките во Германија, поради кризата во автомобилскјата индустрија и во делот на снабдувањето со електрична енергија и климатизација исто, мислам дека во следните месеци и тука ќе се подобриме бидејќи состојбата во ЕСМ веќе е консолидирана. Но и сето останато и интермедијалните производи, во се има раст, така што овие 1,4% раст на индустриското производство охрабруваат, охрабрува опаѓањето на невработеноста и растот на вработеноста, тоа значи дека бројот на вработени се зголемува, што значи дека тие што додават вредност и трудо интензивни се зголемува, но морам исто така да напоменам дека за за 5% е зголемен извозот во јануари месец, нешто што не е забележано од јуни 2023та година. Извозот е за 5% зголемен. Очекувам во првиот квартал трендот на растот на БДП да продолжи и не би се изненадил ако во овој прв квартал дојдеме до 4’% или 4,5% па и повеќе, рече премиерот.

Мицкоски понатаму вели дека не треба опуштање и дека треба да се следат и анализират бројките

-Можам со задоволчство да кажам дека таа наша цел да дојдеме до состојба нула Влада, веќе дојдовме, треба да следиме и да продолжиме, да не се опуштаме и месеците кои што следат да ги анлизираме бројките и да продолжиме да работиме за доброто на граѓаните, заклучи премиерот Мицкоски.