Стоиме на зборот дека ќе се набави оризова арпа за стокови резерви. Веќе Агенцијата за стокови резерви ги има направено сите подготовки и измена на Правилници, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски во гостување во емисијата „Аграр“.

-Многу скоро ќе биде објавен и Повикот за набавка на околу 3.000 тони оризова арпа, најави министерот.

Министерот Трипуновски додаде дека ова значи дека македонски производ ќе се чува во стокови резерви, но исто така значи и регулација во делот на откупот ориз.

-Во делот на набавката на стоковите резерви, како држава размислуваме да се направи одредена измена меѓутоа кога ќе биде веќе согледано кое е најдоброто решение ќе биде запознаена јавноста, истакна министерот.

-Важно е стоковите резерви да се полнат со македонски производи, посочи тој.