Пендаровски и СДС ги рушат националните позиции, и не можат да се помират со фактот дека Владата гради силни односи со САД. Кому му служеа изјавите на Стево Пендаровски дека од амбасадори дознал кои се позициите на Владата и како таа се бори за националните интереси во однос на интеграцијата во ЕУ?, изјави Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
„Дали Стево Пендаровски свесно ја минира Македонија или во еуфорија пред камера глумејќи аналитичар не знае што кажува?
Без разлика дали свесно или не, Пендаровски уште еднаш ја докажа својата оговарачка природа на предавство и откривање на националните позиции.
Пендаровски не само што ја загрозува Македонија, туку и шири омраза кон САД и претседателот Трамп, кои се наш силен сојузник и партнер“, потенцира во изјавата Петрушевски.
СДС како едвај да чекаа да свртат грб на САД, и да го покажат своето вистинско лице. СДС се качи на бродот со Левица, против Македонија и САД, додаде Бране Петрушевски.