СДСМ со лажни суми држи прес-конференции и шири дезинформации меѓу граѓаните. На пресот, Богданка Кузеска излажа за 2,5 милиони, иако реалната сума на тендерот е 1,5 милиони денари. Не кажаа и дека е единствена пријавена фирма, како и дека ги исплнува сите можни услови наведени во тендерот. Уште помалку дека добиената цена на тендерот е 40  насто помала од пазарната. Минатата недела лажеа за изјава за Викторија Трајков, претходно за Анастасија Илиевска, а беа фатени во лага и за крајно надуваната сума за чартер летот до Будимпешта. Три големи лаги за само една недела, само лагата за Илиевска е „троа“ постара. Стана ли лажењето/лагата стил и начин со кој СДСМ ќе се бори за враќање на власт?

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски ги повика Државната комисија за спречување на корупцијата и Јавното обвинителство, доколку сметаат, да ги истражат сите наводи кои би се сметале за спорни.

Тој ги повика од СДСМ да се извинат за, како што рече, изнесените невистини и лаги на денешната прес-конференција, а во спротивно рече дека го задржува правото и можноста да побара нивна одговорност за навреда и клевета пред судовите.

Министерот  вели дека се додека договорот со „Матео дизајн“ не дошол кај него за потпис тој не знаел дека постои таква фирма и смета дека во овој случај ниту еден дел од неговата изјава за судир на интереси не е прекршен.

Ваквата изјава на Андоновски доаѓа откако денеска од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) оддржаа прес полн сом дезинформации објавувајќи јавно договори што биле склучени меѓу Министерството за дигитална трансформација и фирма од Скопје и обвинија за наводен скандал во оваа државна институција.

Андоновски денеска на прес-конференција рече дека станувало збор за набавка на конференциска и презентациска опрема на која била пријавена само една компанија која ги исполнила бараните услови и критериуми, а за постапката никој не вложил никаква жалба.

Прашан дали како министер не знаел дека станува збор за фирма која е на сопругот на државната секретарка и која во минатото била поврзана со ВМРО-ДПМНЕ, Андоновски рече дека кога договорот ќе дојде на потпис се проверува законитоста на постапката.

„Кога од Комисијата велат дека имало еден пријавен на соодветната јавна набавка и дека ги исполнува сите услови ваша задача е да ја потпишете јавната набавка. До потписот јас не знаев дека постои ваква фирма. Заради презимето истражив и бев ставен во ситуација доколку ја поништам постапката го ставам министерството на трошок да се спроведуваат против нас судски постапки што биле пракса во минатото и да плаќаме пенали“, рече Андоновски.

Според него, нема ниту една законска пречка зошто фирма што ги исполнува сите услови не треба да учествува на јавна набавка. Уставно право е на секој граѓанин, вели министерот, да учествува во правниот промет.

Андоновски рече дека информацијата на СДСМ дека договорот е на сума од 2,5 милиони денари е лага и додаде дека била постигната цена од 1 531 927 денари, што е за скоро 40 отсто поевтина од планираната сума за јавната набавка од 2 500 000 денари.

На тој начин, рече Андоновски, заштедени се околу еден милион денари.„При дополнително направена анализа, направени се заштеди од 10 до 45 отсто по производ споредено со пазарните цени, нешто што никогаш не било случај во време на владеењето на СДСМ. И втората набавка, за проект кој СДСМ го блокираше, е мала набавка во која исто така се постигнати пониски цени од пазарните за до 40 отсто“, рече Андоновски.

Тој додаде и дека државната секретарка во Министерството не учествува во ниту една постапка за јавна набавка, во ниту една фаза и оти нејзиниот ангажман е во административно-буџетско работење на Министерството. Оттука, како што рече, не постои простор за судир на интерес или влијание на постапката од нејзина страна.

Андоновски рече и дека е лага информацијата оти имал некаква вмешаност во изборот, техничката спецификација или севкупно набавката. Таа, рече тој, ја вршат стручни и објективни членови на комисии, а нивната работа се цени по тоа што нема ниту една жалба за набавката.