Министерот за здравство Арбен Таравари ја информираше јавноста дека 18 од хоспитализираните пациенти се во критична состојба.

Тараври изјави дека повредени од пожарот во дискотеката во Кочани се згрижени низ државните болници и на Клинички центар во Скопје и на сите им е укажана медицинска помош. Засега имаат капацитети државните болници да ги згрижат сите повредени, а била понудена помош и од држави од соседството.

-Во моментов 118 лица се згрижени низ болниците во државата – во Кочани, во Штип, во болнците тука. Сега одиме во Клиничка болница на хирургија и на Карил да видиме каква е состојбата. Неколку има на Пластична хирургија на детска хирургија. Сите детални информации ќе ви ги дадеме. Тоа што е најбитно дека нема пациент којшто не е тријажиан, што не е сместени низ болнците во државата. Сите наши капацитети се ставени во функција и се надевам дека ќе дадеме максиум од себе за да спасиме што повеќе животи на децата на коишто им се случила трагедијата, изјави Таравари.

Таравари на прашањето дали има доволно капацитети на Клинички центар, хируршките клиники и дали може таму да се згрижуваат најтешко болните на кои им е потребно интензивно лекување, со оглед дека беше најавено реновирање на КАРИЛ, тој посочи дека тоа е одложено.