На штотуку одржаната прес конференција, министерот Панче Тошковски изјави:
„Осомничени се околу 20-тина лица. Околу 15 лица се во полициска станица. Дел од осомничените се починати, дел во болница. Четири лица имаме обезбедени во болница, два члена на бендот, син на сопственик на дистотека и управител на правното лице кое раководело со дискотеката…
Дел од приведените лица кои се во ПС се луѓе кои имаат директна вина за овој настан. Приведено е едно лице кое е организатор на настанот и за кое имаме сомнение дека има директна вина во рамки на сторувањ ена овој кривично правен настан.
Исто така приведени се поранешен државен секретар на Министерството за економија, поранешен и мислам и сегашен раководител на еден сектор во рамки на Министерството за економија, поранешен директор на Дирекција за заштита и спасување и тројца вработени во Дирекција.
Дел од приведените се организатори, дел обезбедување, дел биле вклучени во други настани поврзани со оваа несреќа.
Разговор е извршен со 25 лица досега и ќе се продолжи со истрага“, изстакна министерот Тошковски.
Во врска со тоа дека лиценца за работа на дискотеката била издадени во 2023 година и важноста и истекла во 2024 година, министерот изјави:
„Легална лицена нема, не би сакал да откривам повеќе детали, но и оваа лиценца е поврзана со мито и корупција и да и напоменам на македонската јавност, дека тие кои се вклучени во нелегалното издавање лиценци ќе одговараат. Но, не станува збор за лиценцата од 2023 година, туку за две лиценци од 2024 година, кои се нелегални, фалсификувани, како сакате и за тоа ќе има одговорност.
Во дискотеката имало околу 500 лица, а за имињата на починатите ќе бидат известени нивните семејствата.
Во критична состојба имаме 22 лица, дел од овие лица ќе бидат пренесени во Бугарија, Турција, Грција.
Денеска Македонија плаче, ама одговорност ќе има за секој од корумпираните, неодговорните и секој кој има директно или посредно влијание за овој кривичен настан.
Ќе следат и други дејствија во текот на денешниот и наредните денови. Во кооридинација со ЈО се постапува и ќе ги преземеме сите дејствија за целосно и темелно расчистување на овој настан. Одговорност ќе има.
Што се однесува на порашањето за лиценците, станува збор за две лиценци од 2024 година кои се нелегални, фалсификувани, кои се добиени, имаме сомневање, на коруптивен начин. Немојте да манипулирате. Не станува збор за лиценца од 2023, туку за две лиценци од 2024 г.
Го откриваме криминалот кој се таложел преку 30 години. Оние четири лица за кои беа распишани потерници се обезбедени во рамки на болниците.
Надлежно за оваа работа е Министерството за економија и Дирекцијата за спасување. Досега немаме утврдено никаква одговорност на градоначалникот“, изјави Тошковски.
На прашањето дали е точно дека за оваа лиценца се дадени 7000 евра, Тошковски одговори дека има сомнение за мито и корупоција и во овој случај, и дека ќе има име и презиме на тие што се одговорни.