Македонската ракометна репрезентација вечерва загуби од Словенија со 38:27 во квалификациите за Европското првенство 2026.

Мечот во Копер беше решен уште по првото полуврме кое домаќините го добија со 20:12.

Хендикеп за Македонија е повредата на Марко Митев. Еден од најдобрите наши ракометари во 20.минута од првото полувреме го беше изнесен од теренот на носилки по повредата на десното колено. Се очекуваат информации за сериозноста на повредата.

Капитенот Филип Кузмановски со шест погодоци беше најефикасен во македонскиот состав.

Денешниот натпревар започна со едноминутен молк за загинатите во несреќата во кочанската дискотека „Пулс“. Нашите ракометари бараа одложување на натпреварот поради големата трагедија, но барањето им беше одбиено и мораа да истрчаат на теренот.

До крајот на квалификациите, Македонија ќе игра на гости со Естонија и на домашен терен со Литванија. Со евентуални две победи „црвено-жолтите“ ќе имаат големи шанси да се пласираат на ЕП 2025.