Акумулирање на недејствување на правната држава, тоа е тридецениско, трае. Кулминацијата ја доживеа последните седум години кога после 27-ми април тотално беше разрушена и она малце од државата што функционираше за да се протурка инсталирањето на Заев и да се протурка грчкиот договор. Им беше дозволено да прават се што сакаат и системот тотално беше девалвиран, едноставно престана да постои, изјави во вчерашното гостување во емисијата „За или против“ искусниот новинар Дарко Јаневски во однос на трагедијата што се случи во Кочани, а ја погоди цела Македонија.

Имаме прописи, меѓутоа никому не му е грижа за тие прописи, вели Јаневски.

-Ние имаме прописи, меѓутоа никому не му е грижа за тие прописи. Ете гледате како функционирало тоа со лиценците. Прашање е што во овие 9 месеци после минатите избори, можеше повеќе да се стори. Меѓутоа во прицип тоа е тоа. Македонија, во име на тие наводни повисоки цели, НАТО и ЕУ и тоа странско замешателство, да се потсетиме на неуставното формирање, на оној башибозук наречен СЈО, па онаа револуција кога ја носеа Катица на маици, па Чарлиеви ангели, па не знам што, во име на тие цели, целосно пропадна. Нивните бонуси, еве гледате се влече случајот и ден денешен и сегашниот обинител не им дава на обвинителите, на Цветановски и Хајрулахи да ја истераат работата до крај, рече Јаневски.

Требаше Трамповски да се настапи уште од првиот ден, да не се остави да се чека, смета Јаневски.

-Тоа е само еден пример, еден сегмент. Сето тоа беше неуставно. До Уставниот суд имаше дури поднесоци да се испита формирањето на тоа СЈО. Ова е најпластичен пример за да доловам до каде дојде работата, бидејќи во Уставот стрикно стои дека постои единствено Јавно обвинителство, не може да постои паралелно обвинителство, тоа е пара држава. Но, Уставниот суд преставките, барањата за поведување иницјатива ги чуваше фиока, не смееше да постапи. Тоа е само пластичен пример, земете го само тоа и проширете го на цела држава, од највисоко до најниско ниво, до портирот, до чуварот во некоја институција. До таму е метастазиран системот, што ова му доаѓа некаква последица на тоа. За жал со многу деца, многу жртви. Како што реков, прашање е дали можеше и што повеќе можеше да се стори? Мојата теза е, требаше повеќе Трамповски да се настапи уште во првиот ден, да не се остави да не се чека, смета Јаневски.

-Oва  е приказна без крај, иако би сакал што побрзо да излеземе од овој тунел. Тешко е да се зборува во време на ваква национална трагедија, ние ова не сме го искусиле ни во 2001-та, ни во 91-та. Во еден ден 59 деца ни изгореа во еден кафез, без можност да излезат од него, вака новинарот Христо Ивановски во емисијата „За или против“ со новинарот Љупчо Цветановски ја коментира кочанската мега-трагедија коај ја зацрни Македонија.

-59 изгорени и задушени деца и уште стотина повредени. Тоа е страшна трагедија, национална трагедија, национален пораз. Ние сме поразени. Тоа е резулат, го гледаме резултатот на 30 години и повеќе напластени работи, и пред Референдумот во 91-та се случуваа глупости во Македонија при распадот на Југославија, кога системот почна да колабира. Правосудниот систем некако се држеше, другите параметри почнаа да паѓаат, економија, здравство и почна таа масовна корупција. Тоа е клучното. Едно дете, едно голобрадо момче во Кочани низ солзи ни ја кажа вистината на лош англиски. ИМАМЕ КОРУПЦИЈА, плачеше детето затоа што изгубило другарчиња. Тоа голобрадо момче ја дефинираше суштината која сите ние добро ја знаеме, ние сме зацапани, жртви сме на еден етаблиран, корумпиран систем, посочи Ивановски.

-Кај корупцијата велат дека се гледа само врвот на таа пирамида. Она што е долу, тоа е монструозно. И сега гледаме колку е тоа монструозно. Кога ќе видите каде се оддржувале тие концерти, каде што има пејачи и пејачки кои со години таму доаѓале, таму се  славеле животот и забавата, се’ додека не не’ чукна ова по глава. Еееј, ни се случи ова, нема веќе забава. Забавата заврши, крај на приказната. Јас го слушам Тошковски и навистина му се воодушевувам на човекот со таа енергија како ја води оваа акција во овие тешки времиња, ќе сечеме, ќе направиме се што може. И кажува неколку клучни зборови коисега почнуват навистина да се зборуваат јавно. Ние имаме проблеми со мафија. Имаме проблем со мафии. Покрај корупција имамем проблем и со мафија. Два јаки система коии е тешко и еден нормален систем да ги победи. Имаш мафија во угостителство, имаш мафија во здравство, мафија во шумарство, мафија на улица со дрога и така натаму. Тоа се страшни работи, кој може тоа да го победи? Не можат јаки системи, не па овој кој оваа влада го наследува од претходната. Значи, ние наследивме еден тотално корумпиран систем, држава која се вика хибридна. Држава во која се е наместено и предодредено и ние сега треба да живееме во оваа стапица. Имаме закони и механизми кои треба ова да го истражуваат, но кој тоа ќе го истражува, механизам кој е заглавен во тој коруптивен центар.

Имајќи предвид дека како што вели – имаме нелегитимен републички обвинител, Ивановски се сомнева дека тој со својот тим ќе може да ја сработи работата како што треба со непристрасна, длабинска истрага. Проблемот е, цени новинарот, што сите сме во еден систем, заклучно и самиот министер за внатрешни, во систем во кој има многу корумпирани, врзани преку корупцијата во сите сектори.

-Не се така, само механички променети началнците во СВР Штип и ОВР Кочани, тоа оди многу длабоко, потенцира Ивановски, кој посочува дека тоа е таа коруптивна матрица со која си имаме работа, тој монструм што го направија, тој Франкенштајн кој функционира во Македонија.