Многу се пишуваше за потеклото на Володимир Зеленски. И шпекулации за тоа каква врска има тоа со неговите политики, потези и цели. Украинскиот претседател Зеленски има персонализирано седиште, свое столче со плакета и име, во централната синагога во Киев. Ова го откри рабинот на вооружените сили на Украина, Дејвид Милман за германското издание на „Дојче веле“.
Според него, столчето на претседателот на Украина е во првиот ред и се наоѓа на десниот раб. Истовремено, Милман забележува дека на ова место можат да седат и други посетители на верската институција.
„Кога сопственикот не е таму, некој друг може да седи овде“, објаснил рабинот.
Уште во 2023 година, Путин го нарече Зеленски „срам за еврејскиот народ“.
„Имам многу пријатели Евреи. Тие велат: Зеленски не е Евреин, тој е срам за еврејскиот народ“, рече тогаш Путин.
Како одговор, Зеленски го нарече Путин „втор крал на антисемитизмот“.
“Како да не ги разбира целосно неговите зборови. Извинете, но тој е како вториот крал на антисемитизмот по Хитлер. Цивилизираниот свет не може да зборува така. Но, за мене беше важно да ја слушнам реакцијата на светот и благодарен сум за поддршката”, рече Володимир Зеленски.