Прашањето на јавноста е – ќе мине ли Јон Фрчкоски како Павле Богоевски, кој фатен јавно како купува КОКАИН си даде оставка и никому ништо? „Што е со кривичната одговорност за користење недозволени психотропни супстанци?“ прашува јавноста.

Претходно, како што пишува Курир во анализата, од ВМРО-ДПМНЕ го прашаа Јон Фрчкоски дали тоа што користи е наркотична супстанца кокаин?

-Со голема шокираност ја примивме информацијата која се појави на социјалните мрежи каде што се гледа дека функционерот и директорот на Центарот за истражување и анализи на СДС, Јон Фрчкоски, користи бели наркотични супстанци. Не знаеме дали e навистина тоа, но поради јавниот интерес граѓаните заслужуваат одговори, истакна денес пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.

Одговорот, по „грешките од младоста“ во вадењето на Јон е повеќе од јасен: ВИСТИНА Е! КОКАИН Е…

По експлицитните фотографиите кои се појавија на социјалните мрежи, а на кои се гледа дека директорот на Центарот за истражување и анализи на СДСМ, Јон Фрчковски, користел недозволени супстанци, се огласи и тој самиот.

-За грешките од минатото и слабостите во младоста не се гордеам, но нема да бидат товар за СДСМ, партијата којашто ги разоткрива сите криминали на ДПМНЕ. Од морални причини се повлекувам од позицијата Директор на Центарот за истражување и анализи на СДСМ, пишува вадејќи се од криминалот Јон Фрчкоски на Фејсбук.

Претходно, пред 6 години, пратеникот Павле Богоевски и неговиот став за аферата со „пола кокаин или масло од канабис“ наиде на многу негативни оценки во медиумите и на социјалните мрежи. Павле Богоевски и прашањето што е тоа „пола“ што го купувал, најмногу инсирација им дал на твитерџиите.

Од вкупно анализирани 1606 спомнувања, на „Твитер“ се појавил дури 943 пати, во медиумите 418 пати, додека најмалку на Фејбук, 245 пати, но во сите артикли е многу негативно коментиран. Ова го покажа сентимент-анализа на истражувачкиот центар на „Макфакс“, која се изработуваше во периодот од 14 до 17 мај 2019-та.

Тој само си даде оставка и никому ништо, иако опозицијата повикуваше институциите да реагираат.

„Аферата Половина грам Кокаин каде главен лик е Павле Богоевски е многу сериозна а власта си игра играчки!, обвинија тогаш од ВМРО ДПМНЕ. Од таму бараа полицијата и обвинителството  да започнат сериозни истраги –  со кои се трговци и криминални структури Павле Богоевски бил во контакт и со кои пак тие биле вмрежени

Потоа, велеа од опозицијата,  во кои се и во какви се класифицирани документи Павле Богоевски имал увид и сознанија како пратеник кој што поседува безбедносен сертификат?

Што се’ можело и може да заврши во раце на криминалните мрежи? праша опозицијата, но тогаш во „распупеното судство“ на Заев, не се случи ништо. По оставката Павле се појавуваше по дебатни емисии, вршеше фунции (добро платени) за СДСМ и никому ништо?!

Ќе го реотвори ли овој случај новата власт? Ќе одговара ли и Јон Фрчкоски заедно со Павле Богоевски, се прашува јавноста?