Левица нема амбиција да дојдат на власт оти удобна им позицијата во опозиција, изјави за Радио Лидер екс претседателка на Анифашистичкиот фронт на жените (АФЖ) на Левица, Весна Кираџиева.

Таа зборува за Левица, за нејзиниот лидер Димитар Апасиев и за нивните двојни стандарди во политичкото дејствување.

– Од тоа што јас ги знам луѓето во Левица тие немаат амбиција да дојдат на власт оти удобна им позицијата во која се наоѓаат како опозиција. Го гледаат премиерот во каков хаос се наоѓа сега, има по три интервјуа дневно, одговара по 200 прашања дневно, решава 3.000 проблеми дневно. Веројатно платата е 500 евра разлика, па си имаат пресметано „зошто да си ја ставам главата во торба за 500 евра разлика“. Реално, огромен притисок е да си на власт во вакви околности, кога водиш држава и имаш одговорност, кога секогаш секој ќе те плука, си имаат искаклурирано дека подобро им е во опозиција, вели Кираџиева.

Таа смета дека на следните избори сите три опозициски партии ќе имаат голем дебакл, односно Левица, СДСМ и ДУИ и додава дека е изненадена од негативната нарација во Левица.

Целото видео со разговорот со Кираџиева може да го отворите ТУКА.