Не можам веќе да молчам. Не можам да гледам како нашата трагедија, а денес и трагедијата на уште многу семејства со слична судбина на нашето – се користи, извртува, злоупотребува. Од едно семејство, денес станавме стотици. И сите сме ранливи. Сите полесни за манипулација. Системот не чини, тоа го знаеме сите. Но луѓето што го креираат тој систем од сенка нема да ни го решат проблемот. Нивната борба не е за нас. Ниту за вистината. Ниту за правдата, рагира на социјалната мрежа на Фејсбук сестрата на трагично загинатата Фросина Кулакова, Росица Кулакова на злоупотребата на трагедиите од страна на иницјативата „Кој е следен?“.