Министерот за одбрана Владо Мисајловски, денеска во касарната „Илинден” заедно со Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, ги пречекаа членовите на Постојаниот комитет на парламентарното собрание на НАТО.
-Пратениците имаа можност да се запознаат со дел од опремата, капацитетите на македонската Армија, и да проследат вежбовни активности на нашите припадници. Овие посети се значајни за продлабочување на сојузничката соработка и зајакнување на партнерствата, информира Мисајловски.