Процесот на преговори меѓу Русија и САД се покажа продуктивен и најверојатно ќе доведе до укинување на американските санкции против Русија, изјави американскиот економски експерт Џефри Сакс.
– Тековните разговори меѓу САД и Русија би можеле да бидат многу продуктивни. Дефинитивно има надеж. Мислам дека се оди во вистинска насока кон конечното укинување на американските санкции кон Русија, изјави Сакс за ТАСС.
Сакс, кој работи како професор и директор на Центарот за одржлив развој на Универзитетот Колумбија во Њујорк, додаде дека во моментов не гледа непосредни ризици за Русија поврзани со тарифната политика на американскиот претседател Доналд Трамп.
„Таканаречените тарифни војни на Трамп нема да претставуваат голем проблем за Русија, бидејќи нема да имаат директно и значително влијание врз оваа земја“, нагласи Сакс.