Премиерот на Словачка Роберт Фицо денеска изјави дека ќе присуствува на прославата на Денот на победата во Москва и дека остро се противи на предупредувањето на високата претставничка на ЕУ за надворешни работи, Каја Калас, дека европските лидери не треба да учествуваат на тој настан.

„Предупредувањето и заканата на Каја Калас се непочитување и остро се противам“, објави Фицо на профилот на Икс. Тој потсети дека Калас ги предупреди лидерите на земјите-членки на ЕУ да не учествуваат на прославата на Денот на победата во мај во Москва и им порача дека „таквото учество нема да биде сфатено лесно“ во Брисел.