Вчера МВР по налог на ЈО спроведе акција за приведување на седум полицајци кои се сомничат за несовесно работење и злоупотреби. Шефот на јавното обвинителство Коцевски информацијата за полициската акција ја објави додека акцијата сѐ уште траела. Како што дознаваме, од МВР овој негов потег го оценија како компромитирачки за нивната акција.
По еден од осомничените полицајци за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани полицијата сѐ уште трага. Акцијата на МВР е во тек. Синоќа јавниот обвинител Љупчо Коцевски за време на гостувањето на ТВ Телма соопшти дека во тек била полициска акција за приведување на нови седум полицајци како дел од истрагата за трагедијата во Кочани. По полицаец од Штип сѐ уште се трага.