Рускиот претседател Владимир Путин го пофали денес Илон Маск, споредувајќи го со Сергеј Королев, главниот инженер кој беше клучен за советскиот успех во истражувањето на вселената во 1950-тите и 1960-тите, објави руската државна новинска агенција ТАСС, цитирајќи го Ројтерс.
ТАСС го цитираше Путин, кој зборуваше за вселенската политика на Русија на состанок со студенти, како вели: „Знаете, има еден човек кој живее во САД, може да се каже дека е целосно луд по Марс“.
Тој направи споредба помеѓу Маск и Сергеј Королев, советски инженер кој одигра клучна улога во испраќањето на Јуриј Гагарин на првиот човечки вселенски лет во 1961 година.
Според ТАСС, Путин рекол: „Таквите луѓе ретко се појавуваат во човечката популација, опремени со одредена идеја. Иако денес можеби ми изгледа неверојатно, со текот на времето таквите идеи често се остваруваат“.
Ова не е прв пат Путин да го пофали Маск. Имено, тој веќе го пофалил претходно и го опишал како „извонредна личност“. според написите.
Маск, советник на американскиот претседател Доналд Трамп, станува сè погласен во критиките кон Украина, која се бори против Русија од 2022 година, кога Кремљ нареди десетици илјади војници да влезат во соседната земја.