Британскиот министер за надворешни работи Дејвид Лами, по разговорите во Париз за Украина со неговите американски и европски колеги, изјави дека Русија мора да се согласи на „итен, целосен и безусловен прекин на огнот“, јави ДПА.

Лами сподели неколку детали за серијата состаноци што се одржаа во француската престолнина, но нагласи дека разговорите ја нагласиле заедничка посветеност на глобалната безбедност.

Делегации од Германија и Украина, вклучително и украинскиот министеро за надворешни работи Андриј Сибига и шефот на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Андриј Јермак, исто така беа присутни во Париз, како и американскиот државен секретар Марко Рубио и американскиот специјален пратеник Стив Виткоф.

– Во нестабилен свет, единството е нашата сила. Денешните состаноци со Франција, САД, Украина и Германија ја нагласуваат нашата заедничка посветеност на глобалната безбедност. Мораме да видиме праведен и траен мир во Украина и стабилност на Блискиот Исток. Напорно работиме со сојузниците за да обезбедиме траен мир во Украина. Русија мора да се согласи на итен, целосен и безусловен прекин на огнот, како што направи Украина, изјави британскиот министер.

Разговорите за можен мир се одолговлекуваа откако Москва го отфрли предлогот за прекин на огнот за кој преговараа САД и Украина минатиот месец.

Рубио и Виткоф се сретнаа и со францускиот претседател Еануел Макрон, а американскиот Стејт департмент соопшти дека разговорите се „да се унапреди целта на претседателот Трамп за ставање крај на руско-украинската војна и запирање на крвопролевањето“.

Фото: ЕПА