Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека претставниците на Украина, САД, Велика Британија и Франција ќе разговараат во Лондон во среда, на 23 април.

„Веќе во среда нашите претставници ќе работат во Лондон. Украина, Британија, Франција, САД. Подготвени сме да продолжиме да се движиме што е можно поконструктивно за да постигнеме безусловен прекин на огнот со последователно воспоставување на вистински и траен мир“, напиша Зеленски на платформата X, по разговорите со британскиот премиер Кир Стармер.

Тој им се заблагодари на сите партнери кои помагаат и истакна дека „безусловниот прекин на огнот треба да биде првиот чекор кон мирот“.

„Овој Велигден покажа дека постапките на Русија се причина за продолжување на војната“, нагласи Зеленски.