Папата Франциск почина од мозочен удар и срцева слабост, се вели во соопштението на Ватикан.

Мозочниот удар доведе до кома и неповратна срцева слабост, се вели во потврдата за смртта објавена од Ватикан.

Извештајот доаѓа околу 12 часа откако прво беше објавено дека папата починал.

Папата Франциск боледувал од хронично белодробно заболување и како млад му бил отстранет дел од едното белодробно крило.

Здравствени проблеми го мачеа во последните години од животот и на 14 февруари беше примен во болница поради респираторна криза која прерасна во двојна пневмонија.

Ова доведе до престој во болница до 38 дена.

Сепак, тој излезе во неделата на Велигден, ден пред смртта, да благослови илјадници луѓе на плоштадот Свети Петар.

Папата Франциск ќе биде погребан во базиликата Света Марија Велика во Рим, со што е првпат по повеќе од еден век да биде погребан папа надвор од Ватикан.

Според традицијата, папите се погребани во криптите под базиликата Свети Петар во Ватикан, каде почиваат речиси стотина негови претходници, но папата Франциск одлучи поинаку.