Филипче се залепи до Заев и вели немало друг како него, а откако Бујар призна дека преговарал за етнички прашања со дозвола на СДС, бара попустливост со Бугарија

Филипче се залепи до Заев и со гордост зборуваше за него во денешното интервју на Сител. Народот може да учи од Заев, смета Филипче.

За какво учење од Заев и искористување на негово искуство зборува Филипче, кога Заев единствено што правеше беше предавството и распродавањето на националните интереси.

Филипче се залепи до Заев и вели немало друг како него. А, можеби е најдобро ако е така, затоа што на Македонија доволно и се предавници како него.

Ама како верна сенка и продолжена рака на Заев, Филипче како да тргнал по неговите стапки, па бара отстапки и по однос на прашањето со Бугарија.

Филипче сега инсистира на преговори со Бугарија и на попустливост, а од друга страна поранешниот министер за надворешни работи во владата на СДС и ДУИ, Бујар Османи, денес призна дека преговарал со Бугарија за етнички прашања со дозвола на СДС.

Зарем за Филипче храброст е прифаќање на сите барања од соседите за распродавање и нарушување на националниот етнички, културен и јазичен идентитет.

Храброст и државничко однесување е до последен здив државниците да се борат за зачувување на етничките, културни, историски и јазични прашања и со сите овие зачувани компоненти да обезбедат напредок на државата.