НА ДЕНЕШЕН ДЕН: Во тетовско Вејце во 2001-ва во одбрана на Македонија животите ги положија 8 бранители во војната со терористичката ОНА

/ 28.04.2025

Денеска се навршуваат 24 година од подмолниот напад кај тетовското село Вејце во кој осум припадници на специјалните единици на МВР ги положија своите животи во одбрана на Македонија во конфликтот со терористичката ОНА во 2001 година.

Загинаа Роберт Петковски (27) од Скопје, Бобан Трајковски (28) од Куманово, Игор Костески (26) од Скопје, Миле Јаневски (30) од Македонска Каменица, Марјан Божиновски (27) од Битола, Илче Стојановски (24) од Битола, Кире Костадиновски (24) од Битола и Бошко Најдовски (24) од Битола.

Осумтемина загинати бранители, во војната од 2001 година, заедно со уште шестмина кои преживеаја, беа нападнати од заседа движејќи се меѓу тетовските села Селце и Вејце. Нивните тела од беа масакрирани и запалени на планинскиот пат од страна на терористите на ОНА.

Шесттемина преживеани биле во последното возило од колоната. повредени, успеале да се извлечат и да јават за масакрот.

(Подготви: Д. Г.)


Од истата категорија