Ивива ТОМОВСКИ, директор на СОЗР
Панче Тошковски е министер за внатрешни работи во период кога на државата и се случи најтешката несреќа. Но неговата работа има ефект и таа се мери по делата.
Досега се под истрага над 40 луѓе, има процес против актуелен министер, поранешни министри, директори… тоа е гаранција дека нема да биде “како до сега”.
МВР и Тошковски покажуваат разлика и законот е ист за сите. Кога последен пат министер применувал закон врз сите, без разлика кој од која партија е, без разлика кој од каде е?
Кога министер последен пат бил со отворена врата на секој кој има мака и проблем.
Тие што се опозиција на ова, нормално е да се исплашени, а и треба. Тоа не е омраза кон Панче, туку страв од својата одговорност.
Ова е Влада во која и премиерот и министерот покажуваат разлика, и има разлика.
Панче ја имаш довербата, и одговорноста да одиш до крај.
Ја имаш поддршката.