Заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев, изјави дека во случај на провокација од Украина на Денот на победата, „никој не може да гарантира дека Киев ќе го доживее 10 мај“, додавајќи дека украинскиот претседател Володимир Зеленски „го разбира тоа“.
Изјавата на Зеленски за отфрлање на предлогот на рускиот претседател Владимир Путин за тридневен прекин на огнот на 8, 9 и 10 мај и дека „не може да ја гарантира безбедноста“ на светските лидери што присуствуваат на парадата во Москва Медведев ја опиша како „вербална провокација и ништо повеќе“.