Унгарскиот премиер Виктор Орбан денес ѝ ја изрази својата поддршка на лидерката на германската крајно десничарска партија Алтернатива за Германија (АфД), Алис Вајдел, откако партијата претходно беше прогласена за „екстремистичка организација што ја загрозува демократијата“.

„Што по ѓаволите се случува во Германија? Алис Вајдел, можеш да сметаш на нас“, напиша Орбан на својот X профил.

Германската разузнавачка служба (БфВ) во петокот ја класифицираше партијата Алтернатива за Германија (АфД) како екстремистичка организација. Оваа одлука им овозможува на властите поефикасно да ја следат партијата, што вклучува олеснување на употребата на тајни методи како што се ангажирање доверливи информатори и пресретнување на комуникациите.

Лидерките на АфД, Алис Вајдел и Тино Чрупала, рекоа дека одлуката е „јасно политички мотивирана“ и претставува „тежок удар врз германската демократија“.

АфД освои 152 места во Бундестагот во февруари, со 20,8 проценти од гласовите, што ја прави втора најголема политичка партија во Германија.